НАТО за правата на жените во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека Алијансата ќе поддржи секаков договор меѓу авганистанската влада и талибанците само ако со него се почитуваат правата на жените. На состанокот што се одржува во Копенхаген, Расмусен потенцира дека во Авганистан бил постигнат извесен напредок во врска со школувањето и учеството на жените во општествениот живот на таа земја.