Авганистански борци на обука во Австралија

Официјален претставник на австралијската армија ги потврди наводите во некои медиуми дека авганистански борци тајно пристигнале во Австралија на обука со специјалните сили. Прецизирано е дека борци на локалниот лидер Матиула Кан тренирале воени операции против талибанците.