Таџикистанската полиција убила најмалку тројца милитанти

Официјални претставници на Таџикистан соопштија дека најмалку тројца милитанти се убиени во акција на полицијата против терористичка група во западниот дел на Таџикистан. Локалната администрација соопшти дека месното население било евакуирано пред акцијата на полицијата против тамошната вооружена група во областа која граничи со Киргистан и Узбекистан. До акцијата доаѓа додека таџикистанската влада ја продолжува оружената операција против исламските милитанти.