На Камчатка ерупција на два вулкана

Ерупција на два вулкана на рускиот полуостров Камчатка исфрлиле во воздух огромни облаци пепел што се прошириле во околината и предизвикале промена на трасата на авионски летови. Руското министерство за вонредни ситуации на Камчатка соопшти дека поради пепелта која се шири од вулканите видливоста е намалена а тенок слој од пепел го прекрива тлото. Министерството додава дека 5000 жители на најблискиот град не се загрозени, но им е препорачано да не излегуваат од дома.