Ирачки пратеници бараат да се испита малтретирањето затвореници

Околу 50 ирачки пратеници од сунитскиот блок побараа парламентот да одржи специјална седница на која ќе ги испита наводите дека владата на премиерот Нури Ал Малиќи малтретирала затвореници. Наводите за малтретирање затвореници се појавија во тајните американски документи што беа објавени на интернет-страницата Викиликс.