Живко Митревски избран за претседател на ССМ

Досегашниот вршител на должноста претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митрески денеска беше избран за претседател на најголемата и најстара синдикална организација во земјата. Тој беше избран со акламација, со 99 гласови „за“ без ниту еден „против“ ниту „воздржан“, и со поддршка од 16 грански синдикати.
Драге Јовановски, чија кандидатура за претседател на Сојузот на синдикати на Македонија не беше прифатена, претходно обвини дека изборот на Митревски нема да биде легитимен затоа што на Конгресот на ССМ не присуствуваат околу 40 отсто од делегатите.