Средбата Груевски-Папандреу одложена за утре

Средбата на премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу што требаше да се одржи денеска во Брисел, е презакажана за утре, на барање на грчката страна, пренесува МИА.
Одложувањето на средбата е поради активностите на Папандреу на состанокот на Европскиот совет.
Во меѓувреме, Груевски денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер.
Груевски попладнево во Мисијата на Македонија во Брисел има средба со група европралементарци на која присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и министерот за надворешни работи Антониот Милошоски.
Тој денеска ќе се сретне и со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна полтика Кетрин Ештон, а утре претпладне и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.