Протестите во Франција ја губат динамиката

Француското Министерство за внатрешни работи оценува дека значително помалку луѓе излегле на денешниот протест против пензиските реформи. Министерството соопшти дека на денешните протести излегле околу 200 илјади луѓе, додека таа бројка во изминатите денови и недели достигнуваше и до 2,5 милиони луѓе.
Се чини дека протестите ја губат динамиката, откако францускиот парламент вчера конечно го усвои законот со кој минималната возраст за пензионирање се покачи од 60 на 62 години.