Ранети двајца вработени во јапонскиот конзулат во Карачи

Двајца Пакистанци, вработени во јапонскиот конзулат во Карачи, се повредени откако вооружени напаѓачи пукаа кон нивниот дипломатски автомобил, веројатно во обид за грабеж. Од конзултатот соопштија дека се повредени возачот и еден административец.
Полицијата соопшти дека напаѓачите почнале да пукаат кога автомобилот запрел пред еден ресторан, откако претходно вработените во конзулатот подигнале пари од банка.