Швајцарскиот министер за одбрана во посета на Македонија

Швајцарскиот министер за одбрана, цивилна заштита и спорт, Ули Маурер денеска е во еднодневна посета на Македонија. Предвидено е тој да се сретне со министерот за одбрана Зоран Коњановски. Маурер ќе го посети воено - медицинскиот центар, кој започна со работа врз основа на Договорот за меѓуармиска соработка со Швајцарската Конфедерација на полето на обуката во 2000 година.