Времето денеска врнежливо и ладно

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и постудено со врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од дожд и снег. Попладне врнежите постепено ќе се намалуваат. Ќе дува засилен северен ветер. Утринската температура се движи од нула до пет, а дневната ќе биде од три до седум степени. Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено претпладне.