Расмусен наредната недела во Москва

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен наредната недела ќе ја посети Русија за да разговара за зајакнување на соработката во Авганистан. Тој ќе се сретне со рускиот претседател Дмитриј Медведев да види дали може да биде исполнето барањето на НАТО Русија да обезбеди хелихоптери за авганистанските сили. Треба да разговараат и за „проширување“ на дозволата за железнички транспорт на неборбена опрема за НАТО-силите во Авганистан.