Средба Груевски-Папандреу утре во Брисел

Премиерот Никола Груевски утре во Брисел ќе се сретне со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Средбата ќе се одржи на маргините на состанокот на Европскиот Совет, соопшти владината прес-служба.
Груевски, во изјава за медиумите пред неколку дена, истакна дека очекува средбите со неговиот грчки колега во иднина да бидат посуштински.