Чешкиот Сенат е за зголемување на бројот на војници во Авганистан

Горниот дом на Чешкиот парламент гласаше за зголемување на бројот на чешки војници во Авганистан на 720 во 2011 година, од сегашните 535. Во 2012 бројот на војници треба да се намали на 640.
Десно-центристичката влада побрза со доставувањето на предлогот пред сенатот, откако опозициските социјалдемократи, кои се противат на зголемување на бројот на војници во Авганистан, победија на изборите викендов и обезбедија мнозинство во Сенатот. Сепак, новите сенатори ќе ги заземат местата во Сенатот на крајот на ноември.
Предлогот треба да биде изгласан и од Долниот дом, но таму владејачката коалиција има мнозинство.