Во Букурешт гласање за доверба на романската влада

Во романскиот Парламент денеска треба да се гласа за недоверба на Владата, која ,според опозицијата, не успеала да се справи со економската криза. Истовремено главните синдикати организираат анти владини протести.
Во јуни, Владата на Емил Бок преживеа на гласањето за недоверба со разлика од само осум гласа.
Романија се соочи со серија протести по преземените мерки за штедење кои вклучија зголемување на ДДВ и намалување на платите во буџетскиот сектор.