Повеќе од 270 загинати во цунами и ерупцијата во Индонезија

Повеќе од 270 луѓе го загубија животот, а стотици се водат како исчезнати во Индонезија по цунамито и вулканската ерупција на островот.
На цунамито завчера му претходеше земјотрес од 7,7 степени. Цунамито уништи стотици домови, а поплавени се патиштата и полињата со пченка.
Од ерупцијата на гас, прав и парчиња на планината Мерапи на островот Јава 1300 километри источно од зоната на цунамито пак загинаа најмалку 28 лица.