Ватикан бара да не биде егзекутиран Тарик Азис

Римокатоличката црква соопшти дека е против смртната казна на поранешниот заменик премиер на Ирак, Тарик Азиз. Тој е осуден на смрт со бесење бидејќи бил близок сојузник на Садам Хусеин, како и за неговата улога во елиминирање на религиозните групи во земјата. Според потпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди тие ќе бараат од Ирак да се спречи егзекуцијата на Азис, кој е христијанин и кој се сретна со папата Џон Пол, пред изнвазијата на САД во Ирак.