Нови жртви на колера во Хаити

Бројката на жртви од колера во Хаити по земјотресот кој го погоди островот се искачи на 300. Здравствените официјални лица соопштија дека починале уште 25 луѓе, а околу 3600 луѓе се болни. Најголем број од погодените од епидемијата се од централните региони, а властите започнаа третмани за превенција и ширење на болеста во главниот град Порт о Пренс.