Германија ја подржува Македонија на патот кон НАТО

Германија ја подржува Македонија на нејзиниот пат кон НАТО, затоа што сметаме дека се направени многу важни и добри чекори во тој правец, изјави министерот за одбрана на Германија Карл Теодор Фрајхер Гутенберг, по денешната средба со министерот за одбрана Зоран Коњановски во Берлин.
Фрајхер Гутенберг рече дека Германија е многу заинтересиранa да се најде компромисно решение за името.

„Ја слушнав подготвеноста од македонска страна за пронаоѓање компромис, останува да се надеваме дека и другата страна ќе ја покаже истата подготвеност“, рече Гутенберг.

Тој рече дека влезот на Македонија во НАТО би придонело за стабилноста во регионот.
Средбата меѓу министрите за одбрана на Германија и на Македонија се одрува во пресрет на Самитот на НАТО во Лисабон.