Египетската полиција апси опозиционери пред изборите

Египетската полиција уапси десетици членови на забранетата опозициска организација Муслиманско братство, во пресрет на ноемвриските парламентарни избори. Медиумите јавуваат дека околу 70 членови на братството биле упасени додека лепеле изборни плакати.
Повеќе од 200 членови на организацијата се уапсени откако објавија дека ќе учествуваат на изборите.
Муслиманското братство е забрането во 50-тите години од минатиот век, но неговите членови учествуваат на изборите како независни кандидати. Околу 20 отсто од пратениците во Египет се членови на организацијата.