Тарик Азиз осуден на смрт со бесење

Ирачката државна телевизија денеска објави дека поранешниот заменик премиер на Ирак Тарик Азиз бил осуден на смрт со бесење. Во извештајот се додава дека овој близок сојузник на Садам Хусеин бил осуден за неговата улога во елиминирање на религиозните групи во земјата.