Најмалку 160 исчезнати во цунамито во Индонезија

Властите во Индонезија соопштија дека најмалку 160 луѓе, повеќето жени и деца, се водат како исчезнати од едно село погодено од голем бран предизвикан од вчерашниот земјотрес. Земјотресот бил со сила од 7 ипол степени според Рихтеровата скала. Во селото во кое живееле околу 200 лица, спасувачите пронашле само четириесет. Во цунамито што во декември 2004 година ја погоди Индонезија загинаа над 226 илјади луѓе.