Судски процес за потонувањето на „Илинден“

Пред Основниот суд во Охрид денеска треба да почне судскиот процес во врска со минатогодишната бродска несреќа, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ во водите на Охридското Езеро животот го загубија 15 бугарски туристи. Обвинението ги товари капетанот на бродот Сотир Филески и хрватскиот државјанин Бранко Баиќ, овластен претставник на германскиот Лојд, кој ја гарантирал техничката исправност на потонатиот брод. Според последните информации, семејствата на бугарските туристи кои настрадаа во несреќата, ќе бараат половина милион евра отштета.