Протести на француските студенти

Француските студенти за денеска планираат протестни маршеви во земјата како дел од штрајковите и демонстрациите против плановите на владата да ја покачи старосната граница за заминување во пензија од 60 на 62 години. На студентските протести се гледа како на тест на моќта на незадоволството пред генералниот штрајк што го закажаа синдикатите за в четврток. Владата соопшти дека штрајковите секојдневно ја чинат земјата над 400 милиони евра.