Чавез национализира американска компанија

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез и нареди на својата влада да ја преземе фабриката за производство на стаклени шишиња на американската компанија Овенс Илиноис во таа јужноамериканска земја. Во синоќешното телевизиско обраќање Чавез ја критикуваше компанијата дека го искористува венецулескиот народ и оти ја уништува животната средина. Тој не соопшти други детали освен дека владата планира експропријација и на други компании. Чавез досега национализираше многу компании како дел од кампањата да воведе социјалистички систем во Венецуела.