Антонио Милошоски во Унгарија

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Унгарија. Тој ќе има средби со својот унгарски колега Јанош Мартоњи и со високи претставници на парламентот и на владата. Предвидено е шефот на македонската дипломатија да има обраќање пред Комисијата за надворешна политика на унгарскиот парламент, во кое ќе ги истакне главните приоритети на Република Македонија во однос на членството во ЕУ и НАТО. Официјалната посета на Унгарија се реализира во пресрет на унгарското претседавање во ЕУ во првата половина на 2011 година.