Баросо: Хрватска добро напредува кон ЕУ

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо го поздрави напредокот што го направила Хрватска на патот кон Европската Унија. По средбата со хрватската премиерка Јадранка Косор, Баросо истакна дека е можно пристапните преговори да бидат завршени идната година, но оти Комисијата во претстојниот извештај за напредокот нема да предлага никаков датум. Не можеме да се обврземе на некој датум не затоа што нема напредок од хрватска страна, туку затоа што веруваме дека содржината е побитна од роковите, изјави Баросо.