Нобеловци бараат ослободување на Ксиаобо

Петнаесет добитници на Нобеловата награда побараа од земјите на Г-20 да извршат притисок врз Кина да го ослободи годинашниот лауреат, кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо. Апелот за пуштање на Ксиаобо од затвор го упатија, меѓу другите, јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту, тибетскиот духовен водач Далај Лама, како и поранешните претседатели на САД и на Полска Џими Картер и Лех Валенса. Во пораката што ја објави американската организација за заштита на човековите права Фридом нау, се охрабруваат лидерите на Г-20 лично да побараат ослободување на Ксиаобо од кинескиот претседател Ху Џинтао, со кого ќе се сретнат на самитот во Сеул во средината на ноември.