Рикер - Позицијата на САД за спорот за името непроменета

Позицијата на САД во врска со прашањето за името останува иста и таа е многу добра позната, изјави денеска американскиот амбасадор Филип Рикер.
Тој одговараше на новинарско прашање за тоа дали би можело да се очекува зајакнување на улогата на САД во спорот со името.
Поранешниот американски дипломат Џејмс Пердју и олеснувач во разговорите за Охридскиот рамковен договор, минатата недела, се заложи за зајакнување на улогата на САД и ЕУ во однос на спорот со името со цел негово поскоро решавање.
Рикер не ја коментираше изјавата на Пердју.