Карзаи призна дека примале „вреќи пари“ од Иран

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи призна дека шефот на неговиот кабинет примал пари во готово од Иран, но истакна дека исплатите биле транспарентни и оти тоа било форма на официјална помош.
Весникот Њујорк Тајмс вчера објави дека Иран му давал вреќи пари поранешниот авганистански амбасадор во Иран Умар Дудзаи, кој сега е шеф на кабинетот на претседателот Карзаи. Со парите, Иран наводно ја купувал наклонетоста на Дудзаи кој требало да ги промовира иранските интереси во Авганистан.