Милошоски во посета на Унгарија

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски утре ќе престојува во официјална посета на Унгарија.
Милошоски ќе се сретне со унгарскиот министер за надворешни работи Јанош Мартоњи, со претседателот на Националното Собрание Ласло Ковер, како и со заменик-претседателот на Владата на Република Унгарија, Жолт Семјен.
Предвидено е тој да има свое обраќање пред Комисијата за надворешна политика на Националното Собрание на Република Унгарија во кое ќе ги истакне главните приоритети на Македонија во однос на членството во ЕУ и НАТО.
Унгарија ќе го преземе претседавањето со ЕУ на почетокот на наредната година.