Иран настојува да ги подобри односите со Ирак

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска по телефон разговарал со претседателот на Ирак Џалал Талабани за подобрување на односите меѓу двете земји. Иранската телевизија го цитира претседателот Ахмадинеџат кој изјавил дека со формирањето на новата ирачка влада билатералните односи ќе се развиваат во повеќе области, особено во сферата на економијата и политиката. Иран ја интензивира својата дипломатска активност во регионот во последниве недели, а доказ за тоа е посетата на Ахмадинеџат на Либан и телефонските разговори со лидерот на Саудиска Арабија, кралот Абдула.