Неколкумина загинати во бомбашки напад во Пакистан

Најмалку шест лица загинале во денешниот бомбашки напад врз едно муслиманско светилиште во централниот дел на Пакистан. Експлозивната направа била монтирана на мотоцикл и била активирана на влезот на светилиштето каде што во тек била утринска молитва. Во нападот имало и 13 ранети.