Колерата уби над 250 луѓе во Хаити

Властите во Хаити соопштија дека од епидемијата до сега умреле вкупно 253 луѓе а над 3 илјади се хоспитализирани. Организацијата „ Лекари без граница “ во главниот град Порто Пренс отвори центар за лечење од колера.
Властите се загрижени дека епидемијата ќе ги зафати стотиците илјади луѓе што останаа без своите домови во катастрофалниот земјотрес од јануари и сега живеат во кампови во Порт-о-Пренс.