Експлозија во Храм во Пакистан

Најмалку 4 луѓе загинале при експлозија на бомб во пакистанскиот град Пак Патан во провинцијата Пенџаб. Според полицискиот извештај експлозивната направа била поставена на мотоцикл кој бил паркиран пред портата на храмот. До сега , никој не ја презел одговорноста за овој терористички напад. Верниците кои го посетуваат овој храм и претходно биле нападнати од талибанците кои се спротивставуваат на овој вид движење во исламската вероисповест.