Протест поради напад на политичар во Киргистан

Лидерот на националистичката партија Ата-Журт, Камчибек Ташијев

Стотици приврзаници на киргистанскиот националистички политичар Камчибек Ташијев одржаа митинг во Бишкек, откако тој соопшти дека бил ранет во политички мотивиран напад.

Неговите подржувачи бараат оставка од шефот на безбедноста на Киргистан, кого Ташијев го обвини за нападот.
Претседателот на националистичката партија Ата-Журт, Ташијев рече дека вооружени мажи упаднале во неговиот дом во предградие на Бишкек, но дека неговите телохранители интервенирале и спречиле поголем инцидент. Тој рече дека телохранителите заплениле лична карта на припадник на киргистанската државна безбедност.

Портпаролот на тајната служба изјави дека тие немаат врска со инцидентот.