Саркози - Најнепопуларен француски претседател во поновата историја

Популарноста на францускиот претседател Николас Саркози е на најниско ниво од кога дојде на функцијата, покажуваат најновите истражувања на јавното мислење.
Истражувањето, објавено во весникот Журнал ди Диманш, покажува дека само 29 отсто од испитаниците се задоволни од политиката на францускиот претседател.
Весникот наведува дека тоа е најниско ниво на популарност што ја имал еден француски претседател во поновата историја.