Шиитите со повеќе пратеници во парламентот на Бахреин

Најголемата шиитска опозициска организација Исламска национална асоцијација за договор освои 18 од 40 пратенички места на вчерашните избори во Бахреин. Со тоа добива еден пратеник повеќе од претходно.
Шиитите се мнозинство во Бахреин, но владејачката елита на чело со кралот, е сунитска.