Неапол се гуши во ѓубре, ЕУ најавува санкции

ЕУ му се закани на италијанскиот град Неапол дека се соочува со парични казни ако не го собере ѓубрето од улиците. Околу 2400 тони ѓубре се расфрлани по улиците на градот. Кризата со ѓубрето настана по несогласувањата за тоа каде треба да се фрла сметот.
Локалната депонија погрешно се користела, а плановите за изградба на нова предизвикаа големи протести.
Неапол и околината со години се затрупани со ѓубре како резултат на корупцијата, лошото управување и мешањето на мафијата.