Зацврстување на односите меѓу Кина и Северна Кореја

Кинески и севернокорејски воени офицери изјавија дека односите меѓу двете земји ќе се зацврстуваат. Кинеска воена делегација е во четиридневна посета на Северна Кореја. Кинеските медиуми објавија дека делегацијата ќе присуствува на комеморацијата за 60-годишнината од вклучувањето на Кина на страната на Севрна Кореја во корејската војна што траеше од 1950 до 1953 година.
Кина е земјата од која Северна Кореја ја добива главната економска и дипломатска помош.