Избори за Сенат во Чешка

Чесите денеска гласаат за пратеници во Сенатот. Од 81 место во Сенатот, денеска се бираат 27 сенатори. На изборите се гледа како на тест за новата централно-десничарска влада. Ако опозициските социјалдемократи освојат 12 од 27 сенаторски места ќе обезбедат мнозинство во Горниот дом.
Доколку опозицијата обезбеди мнозинство во Сенатот, ќе може да ги одложи владините планови за намалување на расходите или плановите за зголемување на бројот на војници во Авганистан. Конечните резултати се очекуват вечерва.