Њујорк Тајмс: Младиќ веројатно се крие во Нов Белград

Осомничениот воен злосторник Ратко Младиќ најверојатно се крие во станови во белградската населба Нов Белград, пишува Њујорк Тајмс.
Весникот наведува дека Младиќ, веројатно ја користи тактиката што ја користеше и Радован Караџиќ и се крие во 12 различни станови со по 200 евра месечно за храна.
Њујорк Тајмс пишува дека омекнувањето на ставот на неколку европски земји во однос на тоа дали апсењето на Младиќ треба да биде предуслов за влез на Србија во ЕУ, го отвора прашањето дали тој некогаш ќе се соочи со правдата.