Обама да ги испита наводите за тортура објавени на Викиликс

Специјалниот известувач за тортура на ОН Манфред Новак го повика американскиот претседател Барак Обама да покрене истрага за случаите на мачење, откриени во документите на американската војска што денеска беа објавени на интернет-страницата Викиликс.
Тој рече дека истрага може да водат само американските власти, со оглед на тоа што САД не го признаваат Меѓународниот кривичен суд.