Колера на Хаити - над 200 починати лица

Над 200 лица во централниот дел на Хаити починаа од Колера, а над 2600 се хоспитализирани.
Засега болеста не е проширена надвор од областа северно од главниот град Порт О Пренс, но се стравува дека лесно може да продре до камповите со шатори во кои се сместени луѓе по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа над 220 илјади луѓе, а над 1,5 милиони останаа без покрив над главата.