Викиликс објави 400 илјади тајни документи за Ирак

На веб-сајтот на Викиликс се објавени илјадници доверливи американски документи во кои се говори за злоупотреба и тортура вршена од страна на ирачките полицајци и војници, Во нив се наведува дека САД знаеле за тие појави, но дека не успеале да ги истражат. Вчера Пентагон соопшти дека не очекува големи изненадувања од најавата на Викиликс за објава на 400.000 тајни документи, но предупреди дека американските трупи и Ирачаните би можеле да бидат загрозени поради тоа. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон претходно го осуди Викиликс за објава на класифицирани тајни материјали.