Уште 6 години затвор за Ходорковски?

Руските обвинители денеска побараа уште 6 години затвор за тајкунот Михаил Ходорковски и неговиот партнер Платон Лебедев за новите обвинувања за финансиски малврезации. Ходорковски и Лебедев од 2005-та веќе одлежуваат 8 годишна казна затвор за затајување на данок од фирмата за нафата Јукос. Ходорковски беше еден од најбогатите во Русија, ја подржуваше опозицијата и се сметаше за за голем политички ривал на Владимир Путин.