Ставрески: Буџетот за 2011 инвестициски и развоен

Буџетот за наредната година, според предлогот што го усвои Владата на вчерашната седница, ќе изнесува 159 милијарди и 398 милиони денари. Ова на денешната прес конференција го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, додавајќи дека приходите се за 6,6 насто повисоки во однос на годинава, а расходите за 6,8 проценти. Дефицитот останува на ниво од 2,5 проценти. Според Ставрески, буџетот за наредната година е инвестициски и развоен, а причина за тоа е зголемувањето на капиталните инвестиции за 29 проценти. Ставревски најави дека ќе има дисциплина во вработувањата и оти не е предвидено зголемување на платите на администрацијата. За наредната година е предвиден раст на БДП од 3,5 проценти и инфлација до 3 насто.