Македонија и Црна Гора ја интензивираат соработката

Премиерите на Македонија и на Црна Гора Никола Груевски и Мило Ѓукановиќ денеска во Скопје потпишаа договори за економска и социјална соработка и спогодби за соработка во образованието и науката и технологијата. По потпишувањето Груевски рече дека Македонија отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот интегративен процес на Црна Гора и оти понудила размена на искуства. Црногорскиот премиер Ѓукановиќ изрази жалење бидејќи, како што рече, дојде до застој во евроатлантскиот процес на Македонија.