Довербата во германскиот бизнис највисока

Довербата во германскиот бизнис го достигна највисокото ниво во изминативе три ипол години, покажа најновото истражување. Вчера владата соопшти дека очекува оваа година економскиот пораст да изнесува 3,4 проценти. Според економистите, Германија е на патот да оствари економско заздравување слично на економското чудо што го направи по Втората светска војна.