Туркменистан - Русија, - енергетска соработка

Туркменистанскиот претседател Гурбангули Бедримухамедов, на разговорите со рускиот претседател Дмитриј Медведев кој е во посета на Туркменистан, изразил готовност за извоз на поголеми количества гас во Русија. Поради несогласувања околу цената, Русија лани го намали увозот на гас од Туркменистан. Медведев предложил заеднички развој на нови алтернативни извори на енергија.